Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.



 
HomeLatest imagesБарајРегистрирајте сеВлез

 

 Истрагата за несреќата во која загина Тоше Проески по неколкумесечно блокирање продолжува

Go down 
+12
Simi
Tanjuska
cherry
LudaMala
zorana
batbayan
bibe_tose
ElizaBeta
rozeta193
Tvojata senka
emi
aleksandra
16 posters
Отиди на страна : Previous  1, 2, 3, 4  Next
АвторПорака
batbayan
Модератор
Модератор
batbayan


Број на мислења : 1410
Age : 38
Локација : Далеку од тебе, но засекогаш во срцето и мислите ми
Репутација :
Истрагата за несреќата во која загина Тоше Проески по неколкумесечно блокирање продолжува - Page 3 Left_bar_bleue11 / 10011 / 100Истрагата за несреќата во која загина Тоше Проески по неколкумесечно блокирање продолжува - Page 3 Right_bar_bleue

Registration date : 2008-06-11

Истрагата за несреќата во која загина Тоше Проески по неколкумесечно блокирање продолжува - Page 3 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Истрагата за несреќата во која загина Тоше Проески по неколкумесечно блокирање продолжува   Истрагата за несреќата во која загина Тоше Проески по неколкумесечно блокирање продолжува - Page 3 I_icon_minitimeСре Ное 05, 2008 12:56 pm

Судењето на возачот на Тоше ќе почне и ќе заврши в понеделник?



Ѓорѓески веројатно ќе присуствува на судењето и покрај тоа што е во тешка состојба

До стартот на судењето на Ѓорѓи Ѓорѓески, возачот на „туарегот“ во кој загина Тоше Проески, остануваат уште само пет дена. Повеќе од извесно е дека Ѓорѓески, кој важеше за мошне близок пријател на Проески, ќе присуствува на судењето и покрај тоа што е во тешка состојба по настанот што се случи на 16 октомври минатата година. Постојат одредени шпекулации, според кои целиот процес е можно да заврши по само едно рочиште. Ваквите претпоставки доаѓаат по најавите дека Ѓорѓески ќе се појави во судот и поради фактот што за настанот постојат веќе изготвени вештачења, а на кои се чекаше подолго време. Всушност, главната поента треба да се бара во вештачењето што беше направено на возилото кое што го управуваше Ѓорѓески. Имено, нашите експерти утврдија дека тој не го управувал возилото со брзина од 171 километар на час, како што првично соопштија истражните органи во Хрватска, туку дека во моментот на случување на несреќата „туарегот“ се движел со брзина од 152 километра на час, но на место каде што брзината е ограничена на 130 километри.

На бранителот на обвинетиот Ѓорѓески, адвокатот Мирослав Вуиќ, му пречи медиумското експонирање на целиот овој случај, бидејќи како што вели „се заборава дека овој предмет има и сосема друга димензија, односно дека на Ѓорѓески најтешко од се' му паѓа загинувањето на неговиот близок пријател и другар“.

Сепак, на овој факт се осврнува скопското Основно јавно обвинителството кое, освен што бара вина кај Ѓорѓески за возењето со голема брзина и за недржење прописно растојание, како олеснителна околност го земаат и фактот дека делото е сторено од небрежност. (Љ.С.)


http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=B11166FB4434D74FBFB59A336B13D73E
Вратете се на почетокот Go down
cherry
Администратор
Администратор
cherry


Број на мислења : 1127
Age : 42
Локација : Далеку од тебе
Репутација :
Истрагата за несреќата во која загина Тоше Проески по неколкумесечно блокирање продолжува - Page 3 Left_bar_bleue6 / 1006 / 100Истрагата за несреќата во која загина Тоше Проески по неколкумесечно блокирање продолжува - Page 3 Right_bar_bleue

Registration date : 2008-05-02

Истрагата за несреќата во која загина Тоше Проески по неколкумесечно блокирање продолжува - Page 3 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Истрагата за несреќата во која загина Тоше Проески по неколкумесечно блокирање продолжува   Истрагата за несреќата во која загина Тоше Проески по неколкумесечно блокирање продолжува - Page 3 I_icon_minitimeПон Ное 10, 2008 4:23 am

ПОЧНУВА СУДЕЊЕТО ЗА ТРАГИЧНАТА СООБРАЌАЈКА

Возачот на Тоше единствен сведок и обвинет


Се очекува Ѓорѓи Ѓоргески да раскаже што точно се случувало кобното утро на 16 октомври 2007 година на патот кај Нова Градишка

Ѓорги Ѓоргески, возачот и пријател на Тоше Проески, се очекува денеска да седне на клупата за обвинети во скопскиот Кривичен суд, каде што ќе му се суди за сообраќајката од октомври 2007 година во која загина мегаѕвездата. Судењето почнува по повеќе од една година од трагичната несреќа во која загина Проески. Иако Ѓорѓески по несреќата беше во тешка здравствена и емоционална состојба, се очекува тој денеска да се појави во судот. Најверојатно ќе го повтори исказот што го даде пред истражен судија и ќе раскаже што точно се случувало кобното утро на 16 октомври 2007 година на патот кај Нова Градишка.

Неизвесно е дали на првото судско рочиште ќе се појави и Лилјана Петровиќ, менаџерката на Тоше Проески. Ѓоргески се товари за тешки дела против безбедноста во сообраќајот. Станува збор за сериозно кривично дело за кое ако има смртни последици, како во случајот, предвидена е затворска казна од една до десет години, ако се докаже вина. Олеснителна околност во случајот е што Ѓорѓески се товари дека го сторил делото од небрежност.

Тоа значи дека ако Обвинителството докаже дека тој бил виновен за несреќата, возачот на Тоше се соочува со казна од една до пет години затвор. Во процесот како оштетена страна е семејството на Проески. Како олеснителна околност за Ѓорѓески е можното откажување на семејство на Проески од кривичен прогон за возачот.

Судење без сведоци

Единствениот сведок што може да каже што се случило во тие кобни неколку моменти пред несреќата е токму обвинетиот Ѓорѓески. Во џипот „фолксваген туарег“ покрај возачот на предното седиште бил Проески, а на задното неговата менаџерка Петровиќ, но таа, како и Тоше, спиела.

Петровиќ тоа го потврди и пред истражен судија. Таа немала што многу да каже за несреќата и не знаела како Ѓорѓески го возел џипот.Од друга страна, пак, Ѓорѓески во детали околу четири часа зборувал со истражниот судија Велче Панчевски, кој по несреќата ја спроведе истрагата во домот на возачот. Записникот од исказот е напишан на седум страници. Целата истрага се спроведуваше во тајност поради деликатноста на ситуацијата, но тоа создаде и простор за многу шпекулации. Иако првично се тврдеше дека возачот заспал пред несреќата, тој пред истражниот судија тврдел дека бил буден.

На судењето најверојатно ќе се презентира и писмена изјава од возачот на камионот од Србија во кој удри џипот на Проески пред да заврши во банкината на автопатот. Станува збор за изјава што возачот и' ја дал на хрватската полиција веднаш по трагичната несреќа. Ѓорѓески се товари дека возел со голема брзина, но и за недржење прописно растојание со камионот.

Ќе се решат ли мистериите околу Џипот?

Како еден од главните докази е вештачењето врз џипот направено во Македонија. Тоа беше направено од експерти од Машинскиот факултет во Скопје и од нивни колеги од Техничкиот факултет во Битола. Македонските експерти утврдија дека во моментот на несреќата „туарегот“ се движел со брзина од 152 километра на час, а не со 171 километар како што утврди вештачењето во Хрватска. Токму ова вештачење беше причина зошто толку време по несреќата се чекаше дали и кога ќе почне судскиот процес против возачот. За истрагата направена во Хрватска, каде што се случи несреќата, имаше сериозни забелешки - дека била површина и не разјаснила многу спорни работи. На судењето се очекува да се откријат и многу нејаснотии поврзани со исправноста или неисправноста на џипот.

Тоше го доби „туарегот“ десетина дена пред да замине на кобното патување за Хрватска. Спорно беше зошто сензорите во луксузниот „туарег“ не го предупредиле Ѓорѓески дека е преблиску до камионот пред него. Исто така нејасно беше и тоа зошто не се вклучиле воздушните перничиња. Неофицијално, вештачењето утврдило дека сензорите и електрониката во „туарегот“ биле исправни, а воздушните перничиња не се отвориле од причина што не се отвораат при секаков судир.

ИНФО-Казна и до пет години затвор

Судењето против возачот Ѓорѓи Ѓорѓески почнува по повеќе од една година по несреќата во која загина Тоше Проески. Возачот се товари за тешки дела против безбедноста во сообраќајот. Ако се докаже дека е виновен, тој се соочува со казна и до пет години затвор. Несреќата се случи на 16 октомври 2007 година на патот кај Нова Градишка, Хрватска.

Александар Манасиев
www.dnevnik.com.mk
Вратете се на почетокот Go down
https://tose-mk.forumakers.com
cherry
Администратор
Администратор
cherry


Број на мислења : 1127
Age : 42
Локација : Далеку од тебе
Репутација :
Истрагата за несреќата во која загина Тоше Проески по неколкумесечно блокирање продолжува - Page 3 Left_bar_bleue6 / 1006 / 100Истрагата за несреќата во која загина Тоше Проески по неколкумесечно блокирање продолжува - Page 3 Right_bar_bleue

Registration date : 2008-05-02

Истрагата за несреќата во која загина Тоше Проески по неколкумесечно блокирање продолжува - Page 3 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Истрагата за несреќата во која загина Тоше Проески по неколкумесечно блокирање продолжува   Истрагата за несреќата во која загина Тоше Проески по неколкумесечно блокирање продолжува - Page 3 I_icon_minitimeПон Ное 10, 2008 4:30 am

http://vecer.com.mk/?ItemID=824232556DB369419BCBE2DA3E461BE9
Вратете се на почетокот Go down
https://tose-mk.forumakers.com
LudaMala
Супер Модератор
Супер Модератор
LudaMala


Број на мислења : 1483
Age : 42
Локација : Олимпијски град
опис: : Истрагата за несреќата во која загина Тоше Проески по неколкумесечно блокирање продолжува - Page 3 Bosnia-herzegovina505
Репутација :
Истрагата за несреќата во која загина Тоше Проески по неколкумесечно блокирање продолжува - Page 3 Left_bar_bleue5 / 1005 / 100Истрагата за несреќата во која загина Тоше Проески по неколкумесечно блокирање продолжува - Page 3 Right_bar_bleue

Registration date : 2008-05-21

Истрагата за несреќата во која загина Тоше Проески по неколкумесечно блокирање продолжува - Page 3 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Истрагата за несреќата во која загина Тоше Проески по неколкумесечно блокирање продолжува   Истрагата за несреќата во која загина Тоше Проески по неколкумесечно блокирање продолжува - Page 3 I_icon_minitimeПон Ное 10, 2008 11:12 pm

Вратете се на почетокот Go down
batbayan
Модератор
Модератор
batbayan


Број на мислења : 1410
Age : 38
Локација : Далеку од тебе, но засекогаш во срцето и мислите ми
Репутација :
Истрагата за несреќата во која загина Тоше Проески по неколкумесечно блокирање продолжува - Page 3 Left_bar_bleue11 / 10011 / 100Истрагата за несреќата во која загина Тоше Проески по неколкумесечно блокирање продолжува - Page 3 Right_bar_bleue

Registration date : 2008-06-11

Истрагата за несреќата во која загина Тоше Проески по неколкумесечно блокирање продолжува - Page 3 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Истрагата за несреќата во која загина Тоше Проески по неколкумесечно блокирање продолжува   Истрагата за несреќата во која загина Тоше Проески по неколкумесечно блокирање продолжува - Page 3 I_icon_minitimeПон Ное 10, 2008 11:33 pm

ВО ОСНОВНИОТ СУД СКОПЈЕ 1
Почнува судењето против возачот на Тоше
Во Основниот суд Скопје 1 денеска во девет часот почнува судскиот процес против Ѓорѓи Ѓорѓевски, возачот кој е обвинет за сообраќајната несреќа во која загина македонската поп-ѕвезда Тоше Проески. Возачот на Тоше се товари за „тешки дела против луѓето и имотот во сообраќајот“. За ова дело тој може да биде осуден на казна затвор од една до пет години, но како олеснителна околност може да се смета тоа што семејството Проески се откажа од кривично гонење. Тоше Проески загина на 16 октомври лани, во сообраќајна несреќа во Нова Градишка, Хрватска. Со него во „туарегот“ беа и неговата менаџерка Лилјана Петровиќ, како и Ѓорѓевски кој управувал со џипот. Во извештајот на македонските вештаци е наведено дека главните причини за несреќата се преголемата брзина на џипот и малото растојание од камионот пред него. Според вештачењето, Ѓорѓевски при ударот во камионот се движел со 152 километри на час, за разлика од хрватските вештаци кои проценија дека брзината била 170 километри на час. Како што веќе објави „Време“ неофицијално, во истражната постапка Ѓорѓевски тврдел дека не заспал во ниту еден момент, како што се шпекулираше, туку дека камионот од непознати причини нагло преминал на неговата лента и дека ненадејно ја намалил брзината. Во исто време тврдел дека камионот што се гледа на фотографиите во истрагата, а кои излегоа и во јавноста, воопшто не е тој камион во кој удрил „туарегот“. Возачот на камионот, Славиша Кузмановиќ, српски граѓани кој превезувал товар за италијанска фирма, одби да даде каква било изјава за јавноста. Во хрватските медиуми се отвора дилемата зошто толку долго траела експертизата за џипот и дали навистина тој бил предаден на самите производители во Австрија. Според некои верзии, оваа таинственост упатува на сомнежи дека не станува збор за обична несреќа, туку дека македонскиот пејач е убиен. Овие шпекулации досега не се земени предвид во истрагата. Возачот на Тоше Проески, инаку негов другар, кој повремено го возел, беше тешкоповреден во сообраќајката и неколку недели помина на лекување во болница во Нова Градишка. Кога заздрави, беше вратен во Македонија, но беше резервиран во контактите со јавноста, најавувајќи дека се што знае ќе каже на судењето


http://vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=7&tabid=1&EditionID=1547&ArticleID=101937
Вратете се на почетокот Go down
batbayan
Модератор
Модератор
batbayan


Број на мислења : 1410
Age : 38
Локација : Далеку од тебе, но засекогаш во срцето и мислите ми
Репутација :
Истрагата за несреќата во која загина Тоше Проески по неколкумесечно блокирање продолжува - Page 3 Left_bar_bleue11 / 10011 / 100Истрагата за несреќата во која загина Тоше Проески по неколкумесечно блокирање продолжува - Page 3 Right_bar_bleue

Registration date : 2008-06-11

Истрагата за несреќата во која загина Тоше Проески по неколкумесечно блокирање продолжува - Page 3 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Истрагата за несреќата во која загина Тоше Проески по неколкумесечно блокирање продолжува   Истрагата за несреќата во која загина Тоше Проески по неколкумесечно блокирање продолжува - Page 3 I_icon_minitimeПон Ное 10, 2008 11:38 pm

Ќе започне судскиот процес за сообраќајната несреќа во која загина Тоше


Обвинителството го товари Ѓорѓи Ѓорѓевски, кој управуваше со возилото за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици, за што е предвидена затворска казна од една до пет години

Судскиот процес за сообраќајната несреќа во која пред една година во Хрватска загина македонската поп ѕвезда Тоше Проески денеска треба да започне во судот во Скопје. Процесот се води против Ѓорѓи Ѓорѓиевски, возачот на „туарегот“ во кој загина Тоше. Целокупната истрага за сообраќајната несреќа траеше скоро една година.

Обвинителството го товари Ѓорѓи Ѓорѓевски, кој управуваше со возилото за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици, за што е предвидена затворска казна од една до пет години.

Вештачењата утврдија дека тој возел со поголема брзина од дозволената. Според резултатите од вештачењата во Хрватска тој возел над 170 километри на час, а според оние направени во Македонија околу 150.

Возилото удрило во приколка од камион по што се превртело и удрило во заштитната ограда, во близината на Нова Градишка.

Ѓорѓевски беше тешко повреден во несреќата и беше задржан неколку дена во болница во Хрватска. Во сообраќајката со полесни повреди мина менаџерката Љиљана Петровиќ.

Иако семејството Проески по несреќата се откажа од кривично гонење на Ѓорѓиевски, Обвинителството по службена должност покрена обвинение против него.



http://kirilica.com.mk/vest.asp?id=18329
Вратете се на почетокот Go down
cherry
Администратор
Администратор
cherry


Број на мислења : 1127
Age : 42
Локација : Далеку од тебе
Репутација :
Истрагата за несреќата во која загина Тоше Проески по неколкумесечно блокирање продолжува - Page 3 Left_bar_bleue6 / 1006 / 100Истрагата за несреќата во која загина Тоше Проески по неколкумесечно блокирање продолжува - Page 3 Right_bar_bleue

Registration date : 2008-05-02

Истрагата за несреќата во која загина Тоше Проески по неколкумесечно блокирање продолжува - Page 3 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Истрагата за несреќата во која загина Тоше Проески по неколкумесечно блокирање продолжува   Истрагата за несреќата во која загина Тоше Проески по неколкумесечно блокирање продолжува - Page 3 I_icon_minitimeВто Ное 11, 2008 1:07 am

Возачот на Тоше се бранеше пред судот

Со смирен тон на гласот, обидувајќи се да ги скрие емоциите, Ѓорѓи Ѓорѓиевски во судницата одговараше на прашањата како се случила сообраќајната несреќа во која загина неговиот другар Тоше Проески

Одговараше детално, иако се пожали дека не се чувствува добро, ниту физички, ниту психички. Тврди дека возел со 100 километри на час бидејќи на автопатот кај Нова Градишка на места имало џебови од магла и не можело побргу да се вози.

Рече дека од далеку забележал дека приколката од камионот се движи лево-десно, но во границите на средната лента. Претекнувањето го започнал откако камионот се стабилизирал.

„Чекав да се смири камионот па да претекнувам. Имав претчувство и страв дека задниот лев дел од камионот ќе ме удри“, рече во судот Ѓорѓиевски.

Тој сведочеше - во моментот кога предните тркала на Туарегот биле паралелни со задните на камионот, забележал дека кабината на влекачот навлегува во негова лента.

Блиндирал и свирел, но според кажувањето на Ѓорѓиевски, задниот метален браник влегол меѓу крилото и тркалото на џипот, се слушнала детонација од пукање на гумата, Туарегот изгаснал и се блокирал.

Големиот камион го влечел џипот, го извртел и возилото удрило во банкината на средина од автопатот.

Исказот на Ѓорѓи Ѓорѓиевски е спротивен на двете вештачења направени во Хрватска и Македонија. Во нив е детектирано дека возачот на Туарегот возел побрзо од дозволеното, со 150, односно со 170 километри на час.

Во делот на претекнувањето, Ѓорѓиевски тоа го сторил многу доцна, откако бил преблиску до камионот.

Иако поканета да присуствува на судењето во својство на оштетен, менаџерката на Тоше Љиљана Петровиќ од непознати причини денеска не беше во судницата.

По загинувањето на мега ѕвездата Тоше, семејството Проески се откажа од кривично гонење на Ѓорѓиевски, што за него е олеснителна околност. Сепак, скопското јавно обвинителство покрена обвинение по службена должност.

Се товари за тешки дела против безбедноста во сообраќајот со смртни последици.

www.a1.com.mk
Вратете се на почетокот Go down
https://tose-mk.forumakers.com
cherry
Администратор
Администратор
cherry


Број на мислења : 1127
Age : 42
Локација : Далеку од тебе
Репутација :
Истрагата за несреќата во која загина Тоше Проески по неколкумесечно блокирање продолжува - Page 3 Left_bar_bleue6 / 1006 / 100Истрагата за несреќата во која загина Тоше Проески по неколкумесечно блокирање продолжува - Page 3 Right_bar_bleue

Registration date : 2008-05-02

Истрагата за несреќата во која загина Тоше Проески по неколкумесечно блокирање продолжува - Page 3 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Истрагата за несреќата во која загина Тоше Проески по неколкумесечно блокирање продолжува   Истрагата за несреќата во која загина Тоше Проески по неколкумесечно блокирање продолжува - Page 3 I_icon_minitimeВто Ное 11, 2008 1:13 am

ЗА НЕСРЕЌАТА ВО КОЈА ЗАГИНА ТОШЕ ПРОЕСКИ, ВОЗАЧОТ ЃОРЃИ ЃОРЃЕВСКИ ВЕЛИ:
Имав претчувство и страв за сообраќајката

Обвинетиот Ѓорѓи Ѓорѓевски тврди дека видел оти задниот лев дел од приколката навлегол во левата сообраќајна лента по која тој се движел, по што настанал страотниот удар

- Не се чувствувам добро ниту психички ниту физички. Останувам на изјавата во истрагата. Вака вчера го започна својот исказ Ѓорѓи Ѓорѓевски, обвинет за кобната несреќа во која загина мега ѕвездата Тоше Проески. Имав претчувство и страв дека неговиот заден дел ќе влезе во возилото, имаше магла возев со 100 километри на час се бранеше обвинетиот. Товарното возило со приколка се движеше како да се лула, откако се смири мислев дека е безбедно да претекнам, бев навлезен во левата лента за претекнување. Навлегов паралелно со задното лево тркало, два-три пати му сигнализирав и свирев се доближив близу но ја видов кабината на камионот на левата лента, предниот десен дел од туарегот беше паралелно со левиот дел од браникот, но кабината од возачот на камионот беше навлезе на левата лента од 30 до 40 см. Возачот на туарегот вели дека возел близу кабината, дека дури ја забележал фигурата односно силуетата на возачот, по што прикочил а во дел од секунда задниот лев дел од приколката навлегол на левата лента кој удри во десното тркало на џипот вели Ѓорѓевски. Претпоставувам дека рогот влезе меѓу крилото и тркалото при што дојде до силна детонација пукање на гума, возилото изгасна и се блокира. Се обидував да се извлечам од ситуацијата но воланот беше закочен. И сега тврдам дека видов оти задниот лев дел од приколката навлезе во левата сообраќајна лента по која се движев, по што настана ударот, рече обвинетиот. Откако не успеав да се извлечам камионот почна да ме влече и го изврте џипот. Првиот удар беше страотен, по тој удар се беше како во магла. Ѓорѓевски не се сеќава кај удрил ниту што се случило, ниту како бил извлечен од возилото. Се додека не се разбудил од кома кобното утро по 8,30 часот во болница во Градишка.

На прашање на обвинителот Ѓорѓевски одговори дека пред да почне да претекнува возилото било на растојание од 300 до 500 метри. Полномошно да го управува џипот немал. Туарегот на Проески му бил даден десетина дена пред трагедијата. Единствено пред да тргнеме на пат кон Хрватска го управував џипот низ Крушево до манастирот Свето Преображение, рече Ѓорѓевски. Таков тип на возило, тврдеше обвинетиот му бил познат оти со ист таков патувале во соседните земји Србија, Хрватска и Босна, единствена промена беше бојата. На прашањето дали чувствувал замор обвинетиот одговори негативно, но тврди дека и менаџерката на Проески, Лилјана Петровиќ го прашала: "Дали ти се спие?", за да го замени, но тој пред судот рече дека патот го возел повеќе пати.

Ѓорѓевски одговара за тешката сообраќајна несреќа што се случи на 16 октомври, лани на патот кон Нова Градишка. Од вештачењето на хрватската полиција беше утврдено дека џипот бил управуван со брзина од над 171 километар на час, додека вештаците во Македонија утврдија 150 километри на час. Токму за брзината треба да се расправа на наредниот претрес кој ќе се одржи наредниот месец оти вчера во судницата отсуствуваа Петровиќ и вешто лице сообраќаен инженер кој го потпишал вештачењето.

www.vecer.com.mk
Вратете се на почетокот Go down
https://tose-mk.forumakers.com
cherry
Администратор
Администратор
cherry


Број на мислења : 1127
Age : 42
Локација : Далеку од тебе
Репутација :
Истрагата за несреќата во која загина Тоше Проески по неколкумесечно блокирање продолжува - Page 3 Left_bar_bleue6 / 1006 / 100Истрагата за несреќата во која загина Тоше Проески по неколкумесечно блокирање продолжува - Page 3 Right_bar_bleue

Registration date : 2008-05-02

Истрагата за несреќата во која загина Тоше Проески по неколкумесечно блокирање продолжува - Page 3 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Истрагата за несреќата во која загина Тоше Проески по неколкумесечно блокирање продолжува   Истрагата за несреќата во која загина Тоше Проески по неколкумесечно блокирање продолжува - Page 3 I_icon_minitimeВто Ное 11, 2008 1:28 am

http://www.kanal5.com.mk/ShowNews.aspx?ItemID=40404&mid=1500&tabId=1&tabindex=0

http://www.sitel.com.mk/?ItemID=B0F9B3324DD18848B4670EA00711C5CE

http://www.telma.com.mk/vest.aspx?vest=2946
Вратете се на почетокот Go down
https://tose-mk.forumakers.com
batbayan
Модератор
Модератор
batbayan


Број на мислења : 1410
Age : 38
Локација : Далеку од тебе, но засекогаш во срцето и мислите ми
Репутација :
Истрагата за несреќата во која загина Тоше Проески по неколкумесечно блокирање продолжува - Page 3 Left_bar_bleue11 / 10011 / 100Истрагата за несреќата во која загина Тоше Проески по неколкумесечно блокирање продолжува - Page 3 Right_bar_bleue

Registration date : 2008-06-11

Истрагата за несреќата во која загина Тоше Проески по неколкумесечно блокирање продолжува - Page 3 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Истрагата за несреќата во која загина Тоше Проески по неколкумесечно блокирање продолжува   Истрагата за несреќата во која загина Тоше Проески по неколкумесечно блокирање продолжува - Page 3 I_icon_minitimeВто Ное 11, 2008 10:12 am

Почна судскиот процес за сообраќајката во која загина Тоше

Судскиот процес за сообраќајната несреќа во која на 16. октомври лани во Хрватска загина македонската поп-ѕвезда Тоше Проески, почне вчера во судот во Скопје со сослушување на обвинетиот Ѓорѓи Ѓорѓевски, возачот на џипот туарег во кој се превезуваше Тоше.

Обвинителството го товари Ѓорѓевски, кој управуваше со возилото за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици, за што е предвидена затворска казна од една до пет години.

Тој вчера пред судот побара да не повторува искази што ги дал пред истражен судија бидејќи не се чувствувал добро, ниту физички, ниту психички. Рече дека во моментот на несреќата возел со брзина од 100 километри на час, оти на автопатот кај Нова Градишка на места имало магла и не можело да се вози побргу. Според резултатите од вештачењата во Хрватска тој возел над 170 километри на час, а според оние направени во Македонија околу 150.

Ѓорѓевски изјави дека забележал оти приколката од камионот што бил пред туарегот се движел лево-десно во средната лента, но оти почнал да го претекнува откако камионот се стабилизирал. Во моментот на претекнувањето кога предните тркала на џипот биле паралелни со задните на камионот, забележал дека камионот со кабината навлегува во негова лента. Почнал да свири и да блиндира, но задниот метален браник на камионот влегол меѓу крилото и тркалото на џипот, по што му пукнала гумата. Ѓорѓевски тврди дека се обидел да го избегне сударот, но камионот го завлекол туарегот, го извртел, по што удрил во банкината на автопатот. Тој рече дека додека возел кон Загреб не бил изморен ниту поспан.

На вчерашното рочиште не се појави Љиљана Петровиќ, менаџерката на Тоше, која била повикана од обвинителството во својство на оштетена. Судењето треба да продолжи во декември.

Обвинетиот Ѓорѓевски беше тешко повреден во несреќата и беше задржан неколку дена во болница во Хрватска, а Петровиќ мина со полесни повреди. Иако семејството Проески по несреќата се откажа од кривично гонење на Ѓорѓевски, Обвинителството по службена должност покрена обвинение против него.



http://mmm.com.mk/?ItemID=2EBD254AAD63894C80D787FFCAF62191
Вратете се на почетокот Go down
batbayan
Модератор
Модератор
batbayan


Број на мислења : 1410
Age : 38
Локација : Далеку од тебе, но засекогаш во срцето и мислите ми
Репутација :
Истрагата за несреќата во која загина Тоше Проески по неколкумесечно блокирање продолжува - Page 3 Left_bar_bleue11 / 10011 / 100Истрагата за несреќата во која загина Тоше Проески по неколкумесечно блокирање продолжува - Page 3 Right_bar_bleue

Registration date : 2008-06-11

Истрагата за несреќата во која загина Тоше Проески по неколкумесечно блокирање продолжува - Page 3 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Истрагата за несреќата во која загина Тоше Проески по неколкумесечно блокирање продолжува   Истрагата за несреќата во која загина Тоше Проески по неколкумесечно блокирање продолжува - Page 3 I_icon_minitimeВто Ное 11, 2008 10:13 am

Со смирен тон на гласот, обидувајќи се да ги сокрие емоциите, Ѓорѓи Ѓорѓиевски во судницата одговараше на прашањата како се случила сообраќајната несреќа во која загина неговиот другар Тоше Проески.

„Ве молам да не повторувам се бидејќи тоа го кажав на истражниот судија. Не се чувствувам добро, ниту физички, ниту психички“, изјави Ѓорѓиевски во судот.

Сепак, тој детално одговори на сите поставени прашања. Тврди дека возел со 100 километри на час бидејќи на автопатот кај Нова Градишка имал на места џебови од магла и не можело побргу да се вози. Неговото тврдење речиси во целост е спротивно со вештачењата направени во Хрватска и Македонија, во кои се тврдеше дека возачот на Туарегот возел со 171, односно со 152 километри на час.

Ѓорѓи Ѓорѓиевски во судот изјави дека од далеку забележал дека приколката од камионот се движи лево-десно, но во границите на средната лента. Претекнувањето го започнал откако камионот се стабилизирал.

„Чекав да се смири камионот, па да претекнувам. Имав претчувство и страв дека задниот лев дел од камионот ќе ме удри“, рече Ѓорѓиевски.

Со трепкач се престроил во лентата за претекнување, во моментот кога предните тркала на Туарегот биле паралелни со задните на камионот, возачот забележал дека кабината на влекачот навлегува во негова лента.

Блиндирал и свирел, но според кажувањето на Ѓорѓиевски, задниот метален браник влегол меѓу крилото и тркалото на џипот, се слушнала детонација од пукање на гумата, „Туарегот“ изгаснал и се блокирал.

Според кажувањето на Ѓорѓиевски, тој се обидел да избегне, но големиот камион го влечел џипот, го извртел и возилото удрило во банкината на средина од автопатот.

Тоше, џипот со кои се случи сообраќајната незгода, го имал само 10-тина денови, иако друг џип од истиот модел возел и претходно. Ѓорѓи во судот изјави дека претходниот Туарег го возел во Србија, Хрватска Босна и во Македонија и ги знаеле добро перформансите на возилото.

За време на патувањето кон Загреб не чувствувал замор, ниту криза за спиење, меѓудругото, тоа неколкупати и го повторил и на Љиљана Петровиќ додека се возеле.

Инаку менаџерката на Тоше, иако повикана, не се појави во судницата во својство на оштетена. Нејзиното присуство за следното рочиште, закажано за средината на декември, го побара обвинителството.

Тогаш би требало да биде разгледано и вештачењето направено на Техничкиот факултет во Битола и на Машинскиот факултет во Скопје.

Кобната сообраќајна несреќа во која загина мега ѕвездата Тоше Проески, се случи на 16-ти октомври лани.

Исказот на Ѓорѓи Ѓорѓиевски е спротивен на двете вештачења и во делот на претекнувањето. Имено, двете вештачења утврдиле дека покрај преголемата брзина, возачот на Туарегот многу доцна започнал да го претекнува камионот пред него, што било причина џипот да удри во левиот дел на камионот.

Иако семејството Проески се откажа од кривично гонење на Ѓорѓиевски, сепак скопското јавно обвинителство покрена обвинение по службена должност.


http://www.radiomk.com/index.php?categoryid=1&p2_articleid=1248
Вратете се на почетокот Go down
emi
Член
Член
emi


Број на мислења : 86
Локација : skopje
Репутација :
Истрагата за несреќата во која загина Тоше Проески по неколкумесечно блокирање продолжува - Page 3 Left_bar_bleue0 / 1000 / 100Истрагата за несреќата во која загина Тоше Проески по неколкумесечно блокирање продолжува - Page 3 Right_bar_bleue

Registration date : 2008-06-21

Истрагата за несреќата во која загина Тоше Проески по неколкумесечно блокирање продолжува - Page 3 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Истрагата за несреќата во која загина Тоше Проески по неколкумесечно блокирање продолжува   Истрагата за несреќата во која загина Тоше Проески по неколкумесечно блокирање продолжува - Page 3 I_icon_minitimeВто Ное 11, 2008 1:01 pm

pa ako imal pretcuvstvo so go pretrknuval kamionot?
uf ja veke neznam so da mislam.prvo mislev deka e gorgi kriv,pa deka e namesteno i sea niso ne svkam.....ali sea se e zaludno go nema soncenceto Истрагата за несреќата во која загина Тоше Проески по неколкумесечно блокирање продолжува - Page 3 90386
Вратете се на почетокот Go down
batbayan
Модератор
Модератор
batbayan


Број на мислења : 1410
Age : 38
Локација : Далеку од тебе, но засекогаш во срцето и мислите ми
Репутација :
Истрагата за несреќата во која загина Тоше Проески по неколкумесечно блокирање продолжува - Page 3 Left_bar_bleue11 / 10011 / 100Истрагата за несреќата во која загина Тоше Проески по неколкумесечно блокирање продолжува - Page 3 Right_bar_bleue

Registration date : 2008-06-11

Истрагата за несреќата во која загина Тоше Проески по неколкумесечно блокирање продолжува - Page 3 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Истрагата за несреќата во која загина Тоше Проески по неколкумесечно блокирање продолжува   Истрагата за несреќата во која загина Тоше Проески по неколкумесечно блокирање продолжува - Page 3 I_icon_minitimeВто Ное 11, 2008 4:06 pm

Обвинетиот Ѓорѓи Ѓоргиевски сведочеше дека камионот кој се движел пред него се однесувал чудно и нестабилно

Љубиша Станковиќ

По повеќе од една година од загинувањето на пејачот Тоше Проески, вчера во Основниот суд Скопје 1 започна судскиот процес со распит на возачот на „туарегот“ Ѓорги Ѓоргиевски, кој раскажуваше како се случила стравотната несреќа. Возачот тврдеше дека се обидел да го избегне фаталниот удар со камионот кој се движел пред „туарегот“, во кој се наоѓале Проески и неговата менаџерка Лилјана Петровиќ, но дека не успеал во тоа. Ѓоргиевски рече дека е подготвен да одговори на сите прашања што ќе му бидат поставени и на инсистирање на судот тој во детали го опиша сето она што се случувало утрото на 16 октомври минатата година.

Според кажувањето на возачот, тој го забележал камионот што се движел пред нив уште додека било големо растојанието меѓу нив. Ѓоргиевски, како и во истрагата, потврди дека приколката на камионот, кој се движел по средната коловозна лента, се однесувала чудно, односно осцилирала и се префрлала на крајните ленти. Затоа, тој тврдеше дека реагирал со примена на светлосна и звучна сигнализација, но возачот на товарното возило не реагирал на неговите предупредувања.

„Веќе се бев престроил на лентата за престигнување кога уште еднаш се обидов да му сигнализирам на возачот на камионот. Во еден момент забележав дека кабината на камионот е речиси за половина метар навлезена во лентата за престигнување, а мислам дека ја видов и силуетата на возачот. Малку подзакочив, но во тој момент дојде до стравотен удар, како кога ќе експлодира автомобилска гума“, објасни Ѓоргиевски. Тој појасни дека сето ова се случувало во мигот кога „туарегот“ престигнувал и дека крилото од возилото што го управувал било во иста висина со левите гуми од камионската приколка.

Обвинетиот рече дека негова претпоставка е дека ’рогот’ од приколката на карминот навлегла меѓу гумата и крилото на „туарегот“, по што и дошло до вртење и удирање во банкината.

„По ударот, возилото како целосно да згасна. Воланот се закочи и повеќе немав контрола врз ’туарегот’ кој цели десетина метри беше влечен од камионот. На вртењето на возилото и на ударот во банкината се сеќавам како низ магла, но знам дека првиот удар беше стравотен“, изјави Ѓоргиевски.

На прашање од застапникот на обвинението дали и колку го познавал возилото „фолксваген туарег“, обвинетиот рече дека и порано управувал ваков вид возила, а дека конкретното возило го управувал низ Крушево и дека заедно со Тоше се возеле кон манастирот „Пресвета Богородица“. Ѓоргиевски изјави дека имал понуда од менаџерката Петровиќ да го замени зад воланот, но тој го одбил тоа, бидејќи не чувствувал ни најмал замор или поспаност.

На вчерашното судење се појави само еден од двајцата повикани вешти лица, па затоа судијката Милка Ангелиовска-Василевска донесе решение за следното рочиште да бидат повикани и двајцата и оштетената Лилјана Петровиќ.

Трагичната сообраќајна несреќа што го зави Балканот во црно се случи на 16 октомври минатата година на два километри од наплатната рампа кај Нова Градишка на автопатот Белград-Загреб. Возачот Ѓеоргиевски се здоби со тешки повреди, совозачот Проески загина на самото место, додека менаџерката Петровиќ, која седела зад возачот, мина неповредено.

http://www.utrinski.com.mk/default.asp?Ite...B0CCA1D51F42454
Вратете се на почетокот Go down
batbayan
Модератор
Модератор
batbayan


Број на мислења : 1410
Age : 38
Локација : Далеку од тебе, но засекогаш во срцето и мислите ми
Репутација :
Истрагата за несреќата во која загина Тоше Проески по неколкумесечно блокирање продолжува - Page 3 Left_bar_bleue11 / 10011 / 100Истрагата за несреќата во која загина Тоше Проески по неколкумесечно блокирање продолжува - Page 3 Right_bar_bleue

Registration date : 2008-06-11

Истрагата за несреќата во која загина Тоше Проески по неколкумесечно блокирање продолжува - Page 3 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Истрагата за несреќата во која загина Тоше Проески по неколкумесечно блокирање продолжува   Истрагата за несреќата во која загина Тоше Проески по неколкумесечно блокирање продолжува - Page 3 I_icon_minitimeВто Ное 11, 2008 4:09 pm

ВОЗАЧОТ ЃОРЃИ ЃОРЃИЕВСКИ ПРОГОВОРИ ПРЕД СУДОТ
Не сум виновен за смртта на Тоше
Миле А. Ристески


Со смирен тон на гласот, обидувајќи се да ги контролира емоциите, Ѓорѓи Ѓорѓиевски, возачот и другар на загинатата музичка ѕвезда Тоше Проески, вчера во судницата на Основниот суд Скопје 1 одговараше на прашањата како се случи кобната сообраќајна несреќа. - Ве молам да не повторувам се бидејќи тоа го кажав на истражниот судија. Не се чувствувам добро, ниту физички ниту психички - изјави Ѓорѓиевски во судот. Сепак, тој детално одговори на сите поставени прашања. Тврдеше дека возел со 100 километри на час бидејќи на автопатот кај Нова Градишка наместа имало магла и не можел да вози многу брзо. Неговото тврдење речиси во целост е спротивно со вештачењата направени во Хрватска и во Македонија, во кои се тврдеше дека џипот се движел со 171 километар на час, односно со 152 километри на час. Ѓорѓиевски во судот изјави дека од далеку забележал дека приколката од камионот се движи лево-десно на автопатот, но во границите на средната лента. Претекнувањето го почнал откако камионот се стабилизирал. - Чекав да се смири камионот, па да претекнувам. Имав претчувство и страв дека камионот ќе ме удри со задниот лев дел - рече Ѓорѓиевски. Со трепкач дал знак, се престроил во лентата за претекнување, но во моментот кога предните тркала на џипот биле паралелни со задните на камионот, возачот забележил дека кабината на влекачот навлегува во негова лента. Блиндирал и свирел, но, според кажувањето на Ѓорѓиевски, задниот метален браник од камионот влегол меѓу крилото и тркалото на џипот, се слушнала детонација од пукање на гумата, „туарегот“ изгаснал и се блокирал. Според кажувањето на Ѓорѓиевски, тој се обидел да избегне, но големиот камион го влечел џипот, го извртел и возилото удрило во банкината на средина од автопатот. Тоше пред да се случи несреќата го имал џипот „туарег“ само десетина дена, иако друг џип од истиот модел возел и претходно. Ѓорѓи во судот изјави дека претходниот „туарег“ го возел во Србија, Хрватска, Босна и во Македонија и ги знаел добро неговите перформанси. За време на патувањето кон Загреб не чувствувал замор, ниту криза за спиење. Меѓу другото, тоа неколку пати и го повторил и на менаџерката Љиљана Петровиќ додека се возеле. Менаџерката на Тоше, иако повикана, не се појави во судницата во својство на оштетена. Обвинителството побара таа да се појави на следното рочиште закажано за средината на декември. Тогаш би требало да биде разгледано и вештачењето направено на Техничкиот факултет во Битола и на Машинскиот факултет во Скопје. Исказот на Ѓорѓиевски е спротивен на двете вештачења и во делот на претекнувањето. Двете вештачења утврдиле дека, покрај преголемата брзина, „туарегот“ многу доцна почнал да го претекнува камионот, што било причина да удри во него. Иако семејството Проески се откажа од кривично гонење на Ѓорѓиевски, што за него е олеснителна околност, скопското Јавно обвинителство покрена обвинение по службена должност. Ѓорѓиевски се товари за тешко дело против безбедноста во сообраќајот со смртни последици, за што е предвидена затворска казна од една година до десет години. Олеснителна околност за Ѓорѓиевски е што се товари дека делото го сторил од небрежност. Кобната сообраќајна несреќа, во која загина Тоше Проески, се случи на 16 октомври минатата година, во близина на Нова Градишка, на автопатот Белград - Загреб.


http://vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=1&tabid=1&EditionID=1548&ArticleID=102005
Вратете се на почетокот Go down
batbayan
Модератор
Модератор
batbayan


Број на мислења : 1410
Age : 38
Локација : Далеку од тебе, но засекогаш во срцето и мислите ми
Репутација :
Истрагата за несреќата во која загина Тоше Проески по неколкумесечно блокирање продолжува - Page 3 Left_bar_bleue11 / 10011 / 100Истрагата за несреќата во која загина Тоше Проески по неколкумесечно блокирање продолжува - Page 3 Right_bar_bleue

Registration date : 2008-06-11

Истрагата за несреќата во која загина Тоше Проески по неколкумесечно блокирање продолжува - Page 3 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Истрагата за несреќата во која загина Тоше Проески по неколкумесечно блокирање продолжува   Истрагата за несреќата во која загина Тоше Проески по неколкумесечно блокирање продолжува - Page 3 I_icon_minitimeВто Ное 11, 2008 4:28 pm

ПОЧНА СУДЕЊЕТО НА ЃОРЃИ ЃОРЃИЕВСКИ ЗА ТЕШКАТА СООБРАЌАЈКА КАЈ НОВА ГРАДИШКА
Приколката на камионот скршна и удри во "туарегот" на Тоше
Ѓорѓиевски претпоставува дека рогот од приколката влегол меѓу крилото и тркалото зашто дошло до силна детонација од пукање на гума. "Во тој момент џипот се блокира и изгасна. Се обидов со воланот да се извлечам од ситуацијата, но и тој беше закоч



"Не се чувствувам физички и психички здрав и ако може да не одговарам на поставените прашања", побара вчера од Судот Ѓорѓи Ѓорѓиевски, возачот на Тоше Проески, кој е обвинет за тешката сообраќајна несреќа што се случи лани во октомври кај Нова Градишка во Хрватска. Тогаш при судир на џипот на Тоше "туарег", со кој управувал Ѓорѓиевски, со камион со приколка со италијански регистарски ознаки загина македонската поп икона.
Кога судијата му објасни дека е пожелно да одговара на поставените прашања заради целосно расветлување на причините поради кои се случила несреќата, Ѓорѓиевски се согласи да сведочи за кобниот ден и, обидувајќи се да ги скрие емоциите, во детали го опиша трагичниот настан.
Во своето полчасовно сведочење, тој неколкупати даваше различен исказ, по што обвинителот му поставуваше прашања за да се дознае што точно се случило ноќта на автопатот Загреб - Липовац.
"Се движев по средната лента, кога на километар-два пред мене го забележав камионот со приколка кој со задниот дел се нишаше на коловозот лево-десно, но сепак беше во неговата лента. Се движев со брзина од 100 километри на час, зад камионот. Бидејќи тој се движеше нестабилно на десната лента, се плашев дека ќе помине на левата лента. Почекав да се стабилизира неговото движење", почна да ги реди Ѓорѓиевски причините за несреќата. Како што објасни, кога приколката го стабилизирала движењето и кога со "туарегот" бил на оддалеченост од околу 500 метри од камионот, тој преминал на левата сообраќајна лента и почнал да го престигнува камионот. "Кога со 'туарегот' со предниот десен дел се доближив до рогот на камионот, забележав дека кабината е навлезена 30 до 40 сантиметри од линијата на левата лента. Почнав да свирам , закочив, во дел од секундата приколката скршна на левата лента по која се движевме, и тогаш дојде до силен удар на десното тркало од 'туарегот'", изјави Ѓорѓиевски. Тој претпоставува дека рогот од приколката влегол меѓу крилото и тркалото зашто дошло до силна детонација од пукање на гума. "Во тој момент џипот се блокира и изгасна. Се обидов со воланот да се извлечам од ситуацијата, но и тој беше закочен, не вртеше ни лево ни десно. Камионот не влечеше и џипот се изврте и удри во банкината, потоа ништо не се сеќ вам. Се разбудив дури во болница околу 8.30 часот", сведочеше Ѓорѓи.
По неговото сведочење, обвинителот на Ѓорѓиевски му појасни дека дал две различни изјави за далечината на која го забележал камионот. Првин велеше дека го забележал на километар-два, а потоа на оддалеченост од 300 до 500 метри. Ѓорѓиевски одговори:
"Се работи за моја процена од 300 до 500 метри и стојам зад тоа што сум го кажал".
Додека возел, тој не почувствувал замор и потреба за спиење.
"Љиља, кога ја преминавме српскохрватската граница, ме праша дали ми се спие да ме замени. Но јас и реков дека можам да возам", сведочеше Ѓорѓиевски.
Обвинетиот возач тврдеше дека добро го познавал "туарегот", но оти само еднаш пред да појдат на пат за Хрватска го возел, и тоа заедно со Тоше низ улиците на Крушево и до манастирот.
На вчерашното судење не присуствуваше менаџерката на Тоше Проески Љиљана Петровиќ, и покрај тоа што ја примила поканата. Бидејќи беше потребно да се сослуша таа, како и да се слушнат мислењата на сообраќаен и машински инженер, судијата го презакажа судењето за наредниот месец


http://vest.com.mk/default.asp?id=159489&i...rika=Makedonija
Вратете се на почетокот Go down
batbayan
Модератор
Модератор
batbayan


Број на мислења : 1410
Age : 38
Локација : Далеку од тебе, но засекогаш во срцето и мислите ми
Репутација :
Истрагата за несреќата во која загина Тоше Проески по неколкумесечно блокирање продолжува - Page 3 Left_bar_bleue11 / 10011 / 100Истрагата за несреќата во која загина Тоше Проески по неколкумесечно блокирање продолжува - Page 3 Right_bar_bleue

Registration date : 2008-06-11

Истрагата за несреќата во која загина Тоше Проески по неколкумесечно блокирање продолжува - Page 3 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Истрагата за несреќата во која загина Тоше Проески по неколкумесечно блокирање продолжува   Истрагата за несреќата во која загина Тоше Проески по неколкумесечно блокирање продолжува - Page 3 I_icon_minitimeВто Ное 11, 2008 4:50 pm

Со тага и болка возачот на Тоше се бранеше пред судот



Автор: Мери Јордановска; Огнен Чанчаревиќ

Со тага и болка во гласот Ѓорѓи Ѓорѓиевски - возачот и пријател на трагично загинатиот пејач Тоше Проески ги опиша последните моменти пред кобната сообраќајна несреќа кај Нова Градишка во Хрватска. Тој вчера се појави пред скопскиот кривичен суд за да даде исказ, откако обвинителството одлучи дека треба да одговара за тешки дела против луѓето и имотот во сообраќајот.

- Се обидов да го избегнам. Свирев и блендирав, но каминот влезе во мојата лента и браникот го закачи десното тркало на џипот, кој се блокира. Продолжи да нè влече и покрај тоа што јас кочев. „Тураегот“ се изврте и силно удри во банкината. Тоа е последното на што се сеќавам - изјави Ѓорѓиевски пред судот.

Во почетокот на судскиот процес не се појави менаџерката на Тоше, Лилјана Петровиќ, која по барање на обвинителството се јавува како оштетена странка. Во судницата вчера не се појавија ниту членовите на семејството на Проески, кои се откажаа од кривично гонење на Ѓорѓиевски.

Во почетокот на процесот Ѓорѓиевски остана на изјавата дадена во текот на истрагата.

- Би Ве замолил да не повторувам бидејќи сè детално опишав во истрагата. Не се чувствувам добро, ниту физички, ниту пак психички - изјави тој.

Тој тврдеше дека се движел со брзина од околу сто километри на час и оти воопшто не бил изморен. Џипот добро го познавал, бидејќи и претходно го имал возено. Ѓорѓиевски додаде дека приколката на каминот се движела лево и десно по коловозната лента и во моментот кога тој се обидел да го претекне, браникот од приколката се заглавил меѓу крилото и тркалото на „туарегот“. Тогаш експлодирала гумата, моторот автоматски се исклучил, а воланот се закочил. Камионот десетина метри го влечел џипот во кој бил Тоше, а потоа страотно удрил во банкината.

- Се движев еден до два километри зад камионот пред местото на несреќата. На 500 метри од местото забележав дека приколката шета лево и десно по средната коловозна лента. Чекав да се смири и потоа да ја претекнам. Временските услови не даваа брзо да возам бидејќи имаше џебови со магла и затоа се движев со брзина од сто километри на час. Почнав да претекнувам и забележав дека кабината на каминот е во мојата лента. Се обидов да го предупредам возачот. Неговата силуета можев да ја видам во кабината. Свирев и блендирав. Тогаш приколката нагло сврте и браникот влезе во десното тркало на џипот. Се обидов да прикочам, но тогаш дојде до силен удар и браникот на камионот влезе меѓу десното тркало и крилото. Се слушна силна детонација. „Туарегот“ се блокира и се изгасна, а воланот се закочи. Пробав да избегнам, но камионот ме влечеше. Имаше страшен удар, џипот се изврте и удри во банкината. Тогаш ја загубив свеста и се разбудив по неколку часа во болница - сведочеше Ѓорѓиевски.

Тој уште еднаш додаде дека менаџерката Лилјана Петровиќ неколку пати го прашала дали сака да го замени зад воланот, но тој одбил бидејќи воопшто не бил уморен.

Судскиот процес против Ѓорѓиевски ќе продолжи кон средината на идниот месец. Се очекува како сведок, по барање на обвинителството тогаш да се појави и менаџерката на Тоше Лилјана Петровиќ. На наредното рочиште треба да биде разгледано и вештачењето направено на Техничкиот факултет во Битола и на Машинскиот факултет во Скопје.

Кобната сообраќајна несреќа во која загина мега-ѕвездата Тоше Проески, се случи на 16 октомври лани. Исказот на Ѓорѓи Ѓорѓиевски е спротивен на двете вештачења во делот на претекнувањето. Имено, двете вештачења утврдиле дека покрај преголемата брзина, возачот на „туарегот“ многу доцна започнал да го претекнува камионот пред него, што било причина џипот да удри во левиот дел на камионот.


http://novamakedonija.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=8&tabid=2&fCat=1&EditionID=229&top=1&ArticleID=10997
Вратете се на почетокот Go down
cherry
Администратор
Администратор
cherry


Број на мислења : 1127
Age : 42
Локација : Далеку од тебе
Репутација :
Истрагата за несреќата во која загина Тоше Проески по неколкумесечно блокирање продолжува - Page 3 Left_bar_bleue6 / 1006 / 100Истрагата за несреќата во која загина Тоше Проески по неколкумесечно блокирање продолжува - Page 3 Right_bar_bleue

Registration date : 2008-05-02

Истрагата за несреќата во која загина Тоше Проески по неколкумесечно блокирање продолжува - Page 3 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Истрагата за несреќата во која загина Тоше Проески по неколкумесечно блокирање продолжува   Истрагата за несреќата во која загина Тоше Проески по неколкумесечно блокирање продолжува - Page 3 I_icon_minitimeСре Ное 12, 2008 5:54 am

Сведочењето на Ѓорѓиевски е контрадикторнo за семејството Проески

Вчерашното сведочење на Ѓорѓи Ѓорѓиевски за сообраќајната несреќа во која загина македонската ѕвезда Тоше, адвокатот на семејството Проески, Стеван Ацески ја оцени како контрадикторна со материјалните докази обезбедени по несреќата.

Тој во телефонски разговор за А1 рече дека семејството Проески се откажало од надомест на штета по загинувањето на Тоше, но за кривичното гонење на Ѓорѓиевски не ни можеле да се откажат бидејќи нему му е покренато обвинение по службена должност.

На вчерашното рочиште возачот на „Туарегот“ Ѓорѓи Ѓорѓиевски изјави дека џипот го управувал со 100 километри на час и дека при претекнувањето, камионот удрил во возилото во кое патуваше македонската мега ѕвезда.

Следниот месец во судот треба да сведочат вештаците кои повеќе од шест месеци го анализираа џипот и сообраќајните услови на автопатот кај Нова Градишка.

www.a1.com.mk
Вратете се на почетокот Go down
https://tose-mk.forumakers.com
cherry
Администратор
Администратор
cherry


Број на мислења : 1127
Age : 42
Локација : Далеку од тебе
Репутација :
Истрагата за несреќата во која загина Тоше Проески по неколкумесечно блокирање продолжува - Page 3 Left_bar_bleue6 / 1006 / 100Истрагата за несреќата во која загина Тоше Проески по неколкумесечно блокирање продолжува - Page 3 Right_bar_bleue

Registration date : 2008-05-02

Истрагата за несреќата во која загина Тоше Проески по неколкумесечно блокирање продолжува - Page 3 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Истрагата за несреќата во која загина Тоше Проески по неколкумесечно блокирање продолжува   Истрагата за несреќата во која загина Тоше Проески по неколкумесечно блокирање продолжува - Page 3 I_icon_minitimeЧет Ное 13, 2008 2:22 am

U Skoplju je počelo suđenje G. Georgijevskom s kojim se 16. listopada 2007. u Touaregu vozio Toše Proeski. Utvrđeno je da je vozio prebrzo

U ponedjeljak je na sudu u Skoplju počelo sudjenje Georgiju Georgievskom (33), vozaču Touarega u kojem je prije nešto više od godinu dana na autocesti kod Nove Gradiške poginuo makedonski pjevač Toše Proeski. Georgijevski je na sud stigao s osmjehom na licu, u pratnji svog odvjetnika Mikija Vujića. Zatražio ja da ga u sudnici ne snimaju kamere ni fotografi. Izjavio je da za volanom nije zaspao te da nije vozio preko 100 km na sat. Krivicu za nesreću "prebacio" je na vozača kamiona u koji je tog kobnog jutra udario. Kaže da je sa 500-tinjak metara vidio kako kamion "šeta" po cesti. Sačekao je da se smiri, a potom krenuo u pretjecanje. Tvrdi da je kamion u tom trenutku prešao u lijevi trak ceste, a prikolica je snažno udarila u Touareg, nakon čega mu se volan blokirao. Od tog se trenutka, kaže, više ničega ne sjeća.

Nakon ponovnog vještačenja Touarega, makedonski vještaci uglavnom su potvrdili nalaz hrvatskih kolega, prema kojem je Georgijevski vozio prebrzo i nije držao dovoljan razmak. Ipak za razliku od hrvatskog vještaka, koji je procjenio da se Georgievski zabio u kamion sa 171 km na sat, makedonski vještaci tvrde da je brzina bila 150 km na sat. Tošini roditelji ni menadžerica Ljiljana Petrović nisu bili na sudjenju. Ispred obitelji Proeski došli su samo odvjetnik i Slaven Risteski, suprug Tošine sestre Dori.
- Iako je prošla godina dana od nesreće u kojoj smo izgubili Tošu, Georgijevski se ni do danas nije ispričao roditeljima niti im se na bilo koji način javio. Ipak, obitelj nije promijenila mišljenje. Odustajemo od kaznenog progona Georgijevskog - rekao nam je Slaven Risteski. Iako Tošine roditelje nije posjetio, doznajemo da je Georgijevski čest gost u skopskim kafićima. "Zamaskiran" kapom i bradom pojavio se navodno i na koncertu koji se, Toši u čast, prošlog mjeseca održao na gradskom stadionu u Skoplju.

www.24sata.hr
Вратете се на почетокот Go down
https://tose-mk.forumakers.com
LudaMala
Супер Модератор
Супер Модератор
LudaMala


Број на мислења : 1483
Age : 42
Локација : Олимпијски град
опис: : Истрагата за несреќата во која загина Тоше Проески по неколкумесечно блокирање продолжува - Page 3 Bosnia-herzegovina505
Репутација :
Истрагата за несреќата во која загина Тоше Проески по неколкумесечно блокирање продолжува - Page 3 Left_bar_bleue5 / 1005 / 100Истрагата за несреќата во која загина Тоше Проески по неколкумесечно блокирање продолжува - Page 3 Right_bar_bleue

Registration date : 2008-05-21

Истрагата за несреќата во која загина Тоше Проески по неколкумесечно блокирање продолжува - Page 3 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Истрагата за несреќата во која загина Тоше Проески по неколкумесечно блокирање продолжува   Истрагата за несреќата во која загина Тоше Проески по неколкумесечно блокирање продолжува - Page 3 I_icon_minitimeЧет Ное 13, 2008 11:47 pm

http://www.vecernji.hr/home/showbiz/3193807/index.do;jsessionid=BDA246D03EA573229D40256C20CD9921.1
http://www.index.hr/vijesti/clanak/pocelo-sudjenje-vozacu-tose-proeskog/409138.aspx
Вратете се на почетокот Go down
LudaMala
Супер Модератор
Супер Модератор
LudaMala


Број на мислења : 1483
Age : 42
Локација : Олимпијски град
опис: : Истрагата за несреќата во која загина Тоше Проески по неколкумесечно блокирање продолжува - Page 3 Bosnia-herzegovina505
Репутација :
Истрагата за несреќата во која загина Тоше Проески по неколкумесечно блокирање продолжува - Page 3 Left_bar_bleue5 / 1005 / 100Истрагата за несреќата во која загина Тоше Проески по неколкумесечно блокирање продолжува - Page 3 Right_bar_bleue

Registration date : 2008-05-21

Истрагата за несреќата во која загина Тоше Проески по неколкумесечно блокирање продолжува - Page 3 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Истрагата за несреќата во која загина Тоше Проески по неколкумесечно блокирање продолжува   Истрагата за несреќата во која загина Тоше Проески по неколкумесечно блокирање продолжува - Page 3 I_icon_minitimeСаб Ное 15, 2008 3:09 pm

Kontradiktorno svjedočenje Tošetovog vozača
Hrvatski stručnjaci tokom vještačenja utvrdili da je Georgijevski kobnog trenutka vozio brzinom od 170 kilometara na čas...

12.11.2008. 14:02

Svjedočenje vozača Georgija Georgijevskog o saobraćajnoj nesreći u kojoj je 16. oktobra prošle godine poginuo makedonski pjevač Toše Proeski kontradiktorno je u odnosu na materijalne dokaze, obezbijeđene nakon nesreće, ocijenio je advokat porodice Proeski Stevan Aceski.

Georgijevski je na suđenju u Skoplju, koje je počelo u ponedjeljak, 10. novembra, izjavio da je kobnog trenutka upravljao džipom vozeći ga stotinu kilometara na čas i da je prilikom preticanja, kamion udario u vozilo u kome je putovao Toše Proeski i njegova menadžerka LJiljana Petrović.

Hrvatski stručnjaci su tokom vještačenja utvrdili da je Georgijevski kobnog trenutka vozio brzinom od 170 kilometara na čas, dok su makedonski stručnjaci tvrdili da je vozio 150 kilometara na čas.

Suđenje će biti nastavljeno sljedećeg mjeseca kada će svjedočiti vještaci koji su više od šest mjeseci analizirali džip i uslove saobraćaja.

Sudski proces protiv Georgijevskog pokrenulo je Tužilaštvo po službenoj dužnosti, dok se porodica Proeski odrekla pokretanja postupka.

Toše Proeski poginuo je u saobraćajnoj nesreći 16. oktobra 2007. godine na autoputu Zagreb - Lipovac, blizu Nove Gradiške.

Georgijevski je u ovoj saobraćajnoj nesreći teško povrijeđen, a lakše povrede je zadobila Tošetova menadžerka LJiljana Petrović.

Poznati makedonski pjevač je rođen je 25. januara 1981. godine u Prilepu, a odrastao je u Kruševu, gradiću na zapadu Makedonije, gdje je i sahranjen uz najviše državne počasti.

Posthumno mu je dodijeljena titula počasnog građanina Makedonije.


Преузето са http://www.dnevniavaz.ba/
Вратете се на почетокот Go down
LudaMala
Супер Модератор
Супер Модератор
LudaMala


Број на мислења : 1483
Age : 42
Локација : Олимпијски град
опис: : Истрагата за несреќата во која загина Тоше Проески по неколкумесечно блокирање продолжува - Page 3 Bosnia-herzegovina505
Репутација :
Истрагата за несреќата во која загина Тоше Проески по неколкумесечно блокирање продолжува - Page 3 Left_bar_bleue5 / 1005 / 100Истрагата за несреќата во која загина Тоше Проески по неколкумесечно блокирање продолжува - Page 3 Right_bar_bleue

Registration date : 2008-05-21

Истрагата за несреќата во која загина Тоше Проески по неколкумесечно блокирање продолжува - Page 3 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Истрагата за несреќата во која загина Тоше Проески по неколкумесечно блокирање продолжува   Истрагата за несреќата во која загина Тоше Проески по неколкумесечно блокирање продолжува - Page 3 I_icon_minitimeСаб Ное 15, 2008 3:12 pm

http://www.24sata.co.yu/vesti.php?id=37767
http://www.mtsmondo.com/news/world/text.php?vest=115218
http://www.malware-site.www/vesti.php?category=vesti&id=55260
Вратете се на почетокот Go down
LudaMala
Супер Модератор
Супер Модератор
LudaMala


Број на мислења : 1483
Age : 42
Локација : Олимпијски град
опис: : Истрагата за несреќата во која загина Тоше Проески по неколкумесечно блокирање продолжува - Page 3 Bosnia-herzegovina505
Репутација :
Истрагата за несреќата во која загина Тоше Проески по неколкумесечно блокирање продолжува - Page 3 Left_bar_bleue5 / 1005 / 100Истрагата за несреќата во која загина Тоше Проески по неколкумесечно блокирање продолжува - Page 3 Right_bar_bleue

Registration date : 2008-05-21

Истрагата за несреќата во која загина Тоше Проески по неколкумесечно блокирање продолжува - Page 3 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Истрагата за несреќата во која загина Тоше Проески по неколкумесечно блокирање продолжува   Истрагата за несреќата во која загина Тоше Проески по неколкумесечно блокирање продолжува - Page 3 I_icon_minitimeСаб Ное 15, 2008 3:13 pm

http://www.b92.net/info/vesti/index.php?yyyy=2008&mm=11&dd=10&nav_id=328167
http://www.glas-javnosti.rs/clanak/hronika/glas-javnosti-11-11-2008/nisam-kriv-za-nesrecu
http://www.kurir-info.rs/clanak/crna-hronika/kurir-13-11-2008/sporna-brzina-dzipa
Вратете се на почетокот Go down
grkovicvanja
Член
Член
grkovicvanja


Број на мислења : 701
Age : 31
Локација : Srbija
Репутација :
Истрагата за несреќата во која загина Тоше Проески по неколкумесечно блокирање продолжува - Page 3 Left_bar_bleue0 / 1000 / 100Истрагата за несреќата во која загина Тоше Проески по неколкумесечно блокирање продолжува - Page 3 Right_bar_bleue

Registration date : 2008-05-21

Истрагата за несреќата во која загина Тоше Проески по неколкумесечно блокирање продолжува - Page 3 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Истрагата за несреќата во која загина Тоше Проески по неколкумесечно блокирање продолжува   Истрагата за несреќата во која загина Тоше Проески по неколкумесечно блокирање продолжува - Page 3 I_icon_minitimeСаб Ное 15, 2008 8:27 pm

http://www.alo.co.yu/vesti/9418/Nisam_spavao_dok_sam_vozio_Toseta
Вратете се на почетокот Go down
cherry
Администратор
Администратор
cherry


Број на мислења : 1127
Age : 42
Локација : Далеку од тебе
Репутација :
Истрагата за несреќата во која загина Тоше Проески по неколкумесечно блокирање продолжува - Page 3 Left_bar_bleue6 / 1006 / 100Истрагата за несреќата во која загина Тоше Проески по неколкумесечно блокирање продолжува - Page 3 Right_bar_bleue

Registration date : 2008-05-02

Истрагата за несреќата во која загина Тоше Проески по неколкумесечно блокирање продолжува - Page 3 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Истрагата за несреќата во која загина Тоше Проески по неколкумесечно блокирање продолжува   Истрагата за несреќата во која загина Тоше Проески по неколкумесечно блокирање продолжува - Page 3 I_icon_minitimeНед Ное 16, 2008 2:45 am

Адвокатот на семејството на Тоше незадоволен од изјавата на Ѓорѓиевски

Автор: М.Ј.

Изјавата што Ѓорѓи Ѓорѓиевски, возачот на Тоше Проески, ја даде пред судот беше конфузна, нелогична и спротивна на доказите, изјави вчера Стеван Ацески, адвокат на семејството и вујко на загинатиот пејач.

Реакцијата следува по завчерашниот почеток на судењето за сообраќајната несреќа во која загина Проески, каде што возачот Ѓорѓиевски одговара за тешки дела против луѓето и имотот во сообраќајот.

Ацески тврди дека семејството на Тоше никогаш не се откажало од кривично гонење и дека целиот случај бил погрешно интерпретиран во медиумите.

- Нема никаква врска дека сме се откажале од кривично гонење. Семејството на Тоше единствено се откажа од барањето за надомест на штета. Не бараме штета единствено затоа што со пари не може да се надомести загубата на Тоше. Ние не сме тие што гониме или не, ниту пак сме во состојба да бидеме иницијатори на кривично гонење. Тоа го води обвинителството по службена должност - вели Ацески.

Според него, по извршеното вештачење, тој најверојатно ќе се изјасни во однос на фактичката состојба, особено доколку обвинителството не се задржи на некои важни детали поврзани со сообраќајната несреќа.

Семејството на македонската ѕвезда Тоше, како што вели Ацески, единственото што го сака е вистината да излезе на виделина.

- Ѓорѓиевски во исказот пред судот беше конфузен и нелогичен. Она што го кажа е спротивно на доказите. Родителите на Тоше сакаат да ја знаат вистината за она што се случи, а не да слушаат разни приказни и нагаѓања - смета Ацески.

Ѓорѓиевски завчера пред судот рече дека „туарегот“ се движел со брзина од околу сто километри на час и оти воопшто не бил изморен додека возел.

Џипот добро го познавал, бидејќи и претходно го имал возено. Ѓорѓиевски додаде дека приколката на каминот се движела лево и десно по коловозната лента и во моментот кога тој се обидел да го претекне, браникот од приколката се заглавил меѓу крилото и тркалото на „туарегот“. Тогаш експлодирала гумата, моторот автоматски се исклучил, а воланот се закочил. Камионот десетина метри го влечел џипот во кој бил Тоше, а потоа стравотно удрил во банкината.

Овој исказ беше спротивен на двете вештачења во делот на претекнувањето. Имено, двете вештачења утврдиле дека, покрај преголемата брзина, возачот на „туарегот“ многу доцна почнал да го претекнува камионот пред него, што било причина џипот да удри во левиот дел на камионот.

Судскиот процес против Ѓорѓиевски ќе продолжи кон средината на идниот месец. Се очекува како сведок, по барање на обвинителството, тогаш да се појави и менаџерката на Тоше, Лилјана Петровиќ.


www.novamakedonija.com.mk
Вратете се на почетокот Go down
https://tose-mk.forumakers.com
cherry
Администратор
Администратор
cherry


Број на мислења : 1127
Age : 42
Локација : Далеку од тебе
Репутација :
Истрагата за несреќата во која загина Тоше Проески по неколкумесечно блокирање продолжува - Page 3 Left_bar_bleue6 / 1006 / 100Истрагата за несреќата во која загина Тоше Проески по неколкумесечно блокирање продолжува - Page 3 Right_bar_bleue

Registration date : 2008-05-02

Истрагата за несреќата во која загина Тоше Проески по неколкумесечно блокирање продолжува - Page 3 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Истрагата за несреќата во која загина Тоше Проески по неколкумесечно блокирање продолжува   Истрагата за несреќата во која загина Тоше Проески по неколкумесечно блокирање продолжува - Page 3 I_icon_minitimeНед Ное 16, 2008 2:50 am

Семејството Проески сeпaк ќе застане зад обвинението на Основното јавно обвинителство

По првичната најава дека нема кривично да го гонат Ѓорѓи Ѓорѓиевски, семејството Проески од Крушево сепак ќе застане зад обвинението на Основното јавно обвинителство. Ваквата одлука за Канал 5 ја соопшти адвокатот Стеван Ацевски, вујко на Тоше Проески ден по стартот на судскиот процес против обвинетиот возач на Туарегот.


- Нема никакви промени во ставот на семејството по однос на оваа постапка. Семејството Порески се откажа само од барањето за надомест на штета бидејќи штетата е ненадоместлива. Личниот прогон е официална постапка и неа ја води обвинителството - рече Ацевски.


Ваквиот став на семејството Проески адвокатот ќе го соопшти на судењето кога како оштетена страна ќе има можност да се изјасни пред Судскиот совет. Зошто се решиле да се приклучат кон обвинението роднините на Тоше Проески не кажуваат. Неофицијално процениле дека, иако обвинетиот Ѓорѓиевски им е семеен пријател, сепак направил пропусти во начинот на управување на возилото. Изненадени биле и од неговиот исказ во судница. Тој тврдеше дека возел со само 100 километри на час, исклучиво по левата лента и дека патот му го попречил камионот, наспроти вештачењата кои откриваат дека Ѓорѓиевски возел со многу поголема брзина, немал растојание од камионот и доцна започнал со претекнувањето што било причина за несреќата. Затоа, пред да ја соопштат одлуката, адвокатот на Проески ќе остави експертите да ги презентираат вештачењата.

Каде се крие вистината на сударот на Туарегот со камионот? Во верзијата опишана во двете вештачења или во содржината на исказот на Ѓорѓиевски? Се ќе биде појасно кога во судница ќе се соочат вештаците и обвинетиот.

За сега единствено се знае дека за делото за кое одговара Ѓорѓиевски е пропишана казна од една до пет години затвор.

www.kanal5.com.mk
Вратете се на почетокот Go down
https://tose-mk.forumakers.com
Sponsored content





Истрагата за несреќата во која загина Тоше Проески по неколкумесечно блокирање продолжува - Page 3 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Истрагата за несреќата во која загина Тоше Проески по неколкумесечно блокирање продолжува   Истрагата за несреќата во која загина Тоше Проески по неколкумесечно блокирање продолжува - Page 3 I_icon_minitime

Вратете се на почетокот Go down
 
Истрагата за несреќата во која загина Тоше Проески по неколкумесечно блокирање продолжува
Вратете се на почетокот 
Страна 3 of 4Отиди на страна : Previous  1, 2, 3, 4  Next
 Similar topics
-

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
 :: Форум :: Околу форумот-
Отиди до: