вторник, 01 декември 2009
Деновиве во Хрватска
Во продажба Best of албум на Тоше Проески
[img=https://2img.net/r/ihimizer/img14/5166/bestu.jpg]
Дискографската куќа Хит рекордс од Загреб, во пресрет на божикните и новогодишните празници, деновиве го објавува новото CD на балканската мега-ѕвезда Тоше Проески. Станува збор за Best of колекција, која содржи 16 хитови, како Чија си, Дан за нас, Пратим те, Још и данас замириши трешња, Једина, Лагала нас мала (дует со Тони Цетински)..., како и две традиционални теми: Зајди, зајди и Јовано Јованке.
За хрватскиот дискографски пазар Хит рекордс ги објави следниве албуми на Тоше Проески: Ако ме погледаш у очи, Игра без граница и The Hardest Thing, како и актуелново live DVD од последниот концерт на Градскиот стадион во Скопје.
Ова посебно издание, всушност е и прва компилација на Тоше Проески во вистинска смисла на зборот, бидејќи претходните на Хај-Фај центар и Сити рекордс од Белград, или беа оспорувани, или не беа на ниво какво го заслужува Тоше.
Освен во сите подобро опремени продавници за носачи на звук во Хрватска, Best of Тоше Проески може да се најде и во ДМ маркетите, како и во дуќаните на Хит рекордс...
http://www.mmm.com.mk/?ItemID=B41194C7FD24DE4A90EF9DDA5ED7D8FC